Македонија 09. декември 2018. / 15:02

Министерство за здравство: Филипче обезбеди лекови за веќе починатиот пациент

Министерство за здравство: Филипче обезбеди лекови за веќе починатиот пациент

Министерството за здравство соопшти дека преку Здружението „Момент плус“, било информирано за состојбата на пациентот, кој почина пред неколку дена од пулмонална хипертензија.

Оттаму велат дека министерот Венко Филипче обезбедил лекови за пациентот, поради неговата претходно влошена здравствена состојба, но како што објаснуваат, тој воопшто не дошол да ја прими терапијата и починал.

Како што појаснуваат од министерството, пациентот не боледувал исклучиво од пулмонална хипертензија, која ја сметаат за ретка болест, туку дека таа била само последица од неговите примарни кардиолошки заболувања.

Инаку за ваквите болести, како што се наведува, министерството ги има обезбедено сите лекови кои се потребни за третман и лекување.

Во моментов во Македонија има шест пациенти со ваква ретка болест и за сите нив се обезбедени терапиите кои им се неопходни. За сите пациенти кои ја добиваат оваа болест како последица од други заболувања, овие лекови ќе бидат достапни на позитивната листа, порачуваат од министерството.

Но, како што велат оттаму, измените на позитивната листа на лекови се во тек и се во Собраниска процедура.