Нов скандал во Министерството за култура. Министерот за култура Асаф Адеми ја вработил неговата сестрата во ЕЛЕМ, и со тоа создал револт во членството на движењето Беса во Гостивар – пишува порталот на Албански јазик, Тeтовасот.
Во редакцијата на порталот, стигнале пораки од активисти на Движењето Беса кои откриваат дека министерот Асаф Адеми неодамна ја ангажирал својата сестра во ЕЛЕМ, оставајќи ги членовите на партијата без работа.
Нивните забелешки не завршуваат тука. Општинскиот советник на од редовите на Беса, Телат Фетаи ја вработил неговата жена во општина Гостивар. Тие, исто така, објавија дека Емерли Асани, член на Централниот совет на движењето Беса, ја вработил неговата жена во Палатата на културата во Гостивар.
Членовите на движењето Беса кои го контактирале уредничкиот одбор на Тртовасот се разочарани од страна на партиските функционери, како што велат, додека тие трчаат за партијата – партиките функционери ги вработуваат членовите на нивните семејства.
Инаку министерот Адеми беше дел од скандалот во фондот за иновации, затоа што неговата сопруга добила средства од Фондот.
Во исто време, тој е во центарот на вниманието неделава по начинот на кој се распоредија парите во годишната програма на министерството за култура, пишува Тетовасот.