Македонија 26. December 2018. / 13:01

Министерот за култура најави инспекција за видеото на Балисти: Се оградуваме од секаков говор на омраза

Министерот за култура најави инспекција за видеото на Балисти: Се оградуваме од секаков говор на омраза

Министерот за култура Асаф Адеми на денешната прес конференција, најави истрага за видеото на Балисти, кое вчера предизвика жестока реакција.

Според видеото, по кое реагираше навивачката група Комити, Владата на Република Македонија, односно министерството за култура е пишано како официјален спонзор на навивачката група Балисти од Тетово.

Министерот кажа дека авторот не им најавил дека ќе има видео за Балисти, туку тоа си го додал сам. Тој се огради од секаков говор на омраза.

Авторот, инаку, требало да направи видео за промоција на културата на младите во неколку градови во Македонија, за што имал финансиска поддршка од министерството, но не и за видео на кое се промовира говор на омраза.

Адеми најави дека инспекциите ќе го истражат видеото и доколку има говор на омраза, ќе следуваат санкции.

Инаку вчера, Комити објави дека министерството за култура има платено спонзорство на Балистите на Фејсбук.

Влада на Република Македонија, Официјален Спонзор на Анти Македонската навивачка група Балисти – Тетово.
Влада, Култура, Балисти, се на куп заедно, со народни пари, пропагандно Анти Македонско видео (во коментар) со иредентистичка порака (фото)!
Македонијо, кој е татко на копилето???, стои во Фејсбук постот на навивачката група Комити.