Утре во Скопје доаѓа министерот за Европа и Америка во британскиот Форин Офис, Сер Алан Данкан.
Сер Алан Данкан ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Димитров, а како што соопшти МНР, ќе се осврнат на регионалната соработка, британскиот ангажман во рамките на Берлинскиот Процес, преговорите меѓу ЕУ и Обединето Кралство околу Брегзит.
Посетата на Министерот Данкан претставува уште една потврда за зголемениот интензитет на политичкиот дијалог меѓу двете земји изминатава година, особено по историската посета на британската премиерка, Тереза Меј на Република Македонија на 17 мај, нагласува МНР.