Македонија 15. ноември 2018. / 13:19

Министерот Филипче призна: Нема тетанус во моментов

Министерот Филипче призна: Нема тетанус во моментов

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска на прес-конференција истакна дека бил информиран дека во моментов нема тетанус, но потенцираше дека истиот е обезбеден и ќе пристигне во сите амбуланти и здравствени установи во текот на понеделник и вторник.

„Ме информираа дека во моментов нема тетанус, но истиот е обезбеден и очекувам да биде дистрибуиран во текот на идната недела“, рече Филипче кој истакна дека немањето на тетанус е поради тоа што компанијата не го обезбедила во временскиот рок.