Македонија 19. октомври 2019. / 18:45

Милошоски: Заев што поскоро да одлучи кој ќе биде технички премиер – Спасовски, Шекеринска или Анѓушев

Милошоски: Заев што поскоро да одлучи кој ќе биде технички премиер – Спасовски, Шекеринска или Анѓушев

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил го повика премиерот Зоран Заев што поскоро да си поднесе остаква и да одбере кој ќе биде премиер во техничката влада од 100 дена.

Во прилог ја пренесуваме Фејсбук-објавата:

-Заев си заминува, ова му се последните недели/месеци на премиерското столче. Со него си заминуваат и Рашковски, Кики и Фрики, Курто Дудуш, тандемот Филипче и Ден Дончев, инспекторот Бујар Османи, Кочо Анѓушев, Никола Димитров, Садула Дураку, Љубе Бошковски, Вице % Заев, Васко % Ковачевски, Лидија Димова, вртикапата Жерновски, Драгиша Милетиќ и “екипата”…

Предвремени избори ќе има! Заев никогаш не победил на парламентарни избори, а овој пат ќе биде силно поразен од народот што го излажа и разочара.

Најдобро е Заев што поскоро да поднесе оставка и нека одлучи дали Оливер Спасовски, или Радмила Шеќеринска или Кочо Анѓушев ќе биде 100 дена технички премиер кој ќе раководи со владата до изборите. Кога ќе се одлучи за технички премиер, ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе понуди соодветни кадри на чело на МВР и М.Труд, и на останатите позиции согласно законот. После ова ќе следува изборот на техничката влада која за 100 дена ќе има главна задача подготовка за избори, кои, доколку изборот на техничката влада се случи во Ноември-декември, најрано би можеле да се одржат во февруари-март 2020 година. Потоа понуда на издржани и реални изборни програми, силна уверлива изборна кампања и кандидати за пратеници. По 3 недели кампања, ден за избори. Фер и демократски. Европски. Достоинствено. Решително. Победнички! – напиша Милошоски на Фејсбук.