Македонија 30. септември 2018. / 19:41

Милошоски: Заев и Османи со полнење кутии прават последен обид да ги спасат своите политички кариери

Милошоски: Заев и Османи со полнење кутии прават последен обид да ги спасат своите политички кариери

– Референдумот пропаѓа, но почна операцијата “квантен скок за спасување на политичката кариера на Зоран Заев и Бујар Османи” со полнење кутиите во
Чаир (излезност од 27% до 15ч, полнење 42% до 18ч),
Сарај (36% до 15ч, хипер полнење 60% до 18ч),
Липково (30% до 15ч, на 47% до 18ч) и
Арачиново (социјал-демократска излезеност од 26,7% во 15ч, квантен скок на 42% во 18ч)., напиша Антонио Милошоски на неговиот Фејсбук профил.