Македонија 18. февруари 2020. / 09:49

Милошоски во Обвинителството на Русковска ќе предаде снимка на која се препознавал гласот на Заев

Милошоски во Обвинителството на Русковска ќе предаде снимка на која се препознавал гласот на Заев

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на неговиот Фејсбук профил најави дека на негова иницијатива, во Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција, ќе се сретне со Вилма Русковска и ќе и предаде аудио материјал доставен од укажувач, а на кој, како што вели, се препознава гласот на поранешниот премиер Зоран Заев.

Во 9 часот, на моја иницијатива, во обвинителството за борба против организиран криминал и корупција, ќе остварам средба со г-ѓа Вилма Русковска.

Целта на закажаната средба е на обвинителката да И го предадам аудио материјалот доставен од укажувач, а на кој се препознава гласот на поранешниот премиер Зоран Заев. Во прилог на овој материјал ќе го доставам и транскриптот од чија содржина произлегува сомнеж за тоа дека господинот Зоран Заев бил во тек со нелегалното финансирање на „Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски преку рекетирање на стопанственици, како и дека тој лично од позицијата премиер го помагал финансирањето на телевизијата 1ТВ.

Се надевам дека овој материјал ќе му биде од корист на обвинителството во покренатото обвинение за овој предмет.

После завршувањето на средбата, околу 9.45/10ч ќе дадам изјава за медиумите пред зградата на тоа јавно обвинителство – напиша Милошоски на Фејсбук.