Во емисијата „10 минути“, гостуваше Антонијо Милошоски кој посочи дека на лидерската средба заеднички беше констатирано дека СЈО е завршена приказна.
Но за жал таа личност, обвинителка која што требаше да ја воскресне правдата и довербата во правосудството во Република Македонија. За жал таа е една од одговорните што СЈО доживеа ваква неславна судбина, со самата неа во притвор.
Инаку по однос на самите преговори за жал не беа успешни, иако морам да кажам дека одговорноста на преговорите ја носи оној кој што нуди закони, предлага закони и има парламентарно мнозинство, во истите да ги постигне и да прифати компромис. Во овој случај е министерството за правда и Владата на Република Македонија но забележавме во тие седум часа кои што почнаа со порационални разговори и на крајот имаше и малку нервоза од другата страна кога се спомна случајот „Рекет“, дека премиерот Заев е лично заинтересиран и амбицизиран да ја задржи контролата на државното обвинителство со г. Јовевски и обвинителството за организиран криминал и корупција со г-ѓа. Вилма Русковска. На кој што тој лично им верува и смета дека се владино подобни обвинители. Затоа ние цениме дека тоа е главна пречка што нема можност за да се постигне компромис во кој што би изградиле заеднички закон и заеднички би ја враќале довербата во обвинителската фела, појасни Милошоски.
Милошоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ побара да се расправа за во Собрание да се разреши Катица Јанева поради три причини, заради тоа што Советот за јавни обвинители предлага нејзино разрешување, заради незаконито и несовесно работење. Второ затоа што Комисија за избор и именувања во Собранието едногласно од сите политички партии и групи ја даде таа препорака до Собранието на Република Македонија како Пленарна седница и сметавме дека колегите од СДСМ и ДУИ ќе го прифатат разрешувањето на Јанева како еден природен чин и како една обврска на Собранието да го разреши овој проблем со СЈО на соодветен начин. Да не ја сносиме ние одговорноста како соучесници, што ја носи Јанева.
Самата желба на СДСМ и на ДУИ да ја спасат Катица Јанева од разрешување покажува дека власта е во тесна координација со г-ѓа. Јанева и г-ѓа. Русковска. И затоа цениме дека нејзините постапки и нејзините писма, нејзините нелегални би рекол дописи до ЈО и незаконско предавање на предмети до истото се во тесна координација помеѓу власта, обвинителството и г-ѓа. Вилма Русковска, додаде Милошоски.