Македонија 29. октомври 2019. / 11:41

Милошоски: Нема да учествуваме во пародијата на Османи и Димитров кои лани го излажаа народот

Милошоски: Нема да учествуваме во пародијата на Османи и Димитров кои лани го излажаа народот

Пратеникот Антонијо Милошоски на говорницата излезе со фотографија од вицепремиерот Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, велејќи тоа е сликата кога лани двајцата го излажале народот дека земјава добила датум за почеток на преговори. Милошoски кажа дека досега барале за неуспехот да се разговара на Комисијата за надворешни работи, а не на ваква, како што кажа, владина забава.

Министрите кои ширеа лажни вести сега ќе треба тоа да го објаснат. Дали е постигната целта не е постигната. Османи и Димитров ќе зборуваат за одговорноста на странски политичари и за Брегзит и Кина а не за нивната одговорот. Тие ќе понудат на манипулативни објаснувања ќе се откажат од ланските изјави, но не и од функциите. Ние нема да учествуваме во ваква пародија. Денеска нема да ја расипеме вашата провладина забава, за вистинска дискусија дојдете утре на Комисијата за надворешна политика– рече Милошоски.

По оваа изјава пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија салата.

На седницата се поканети сите пратеници во Собранието, претставници на дипломатскиот кор, како и претставници на владиниот и невладиниот сектор, академската заедница, медиумите и други.

Следни ќе говорат министрите Димитров и Бујар Османи, кои ќе објаснат пред присутните што се случи во Брисел.