Катица Јанева е во позиција да сокрие или уништи траги и да влијае на сведоци, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој смета дека шефицата на специјалното јавно обвинителство во оставка треба да биде во притвор.
Според Милошоски, покорисно би било Јанева да даде изјава пред истражен судија и јавен обвинител.
– Обвинителката за „рекет и изнуда” знае дека треба да биде во притвор согласно член 165 од ЗКП, бидејќи реално има позиција преку која може да сокрие или уништи траги и прислушкувани материјали злоупотребени во кривичното дело, а уште повеќе може да влијае на сведоците (жртви и/или соработници) во скандалот „Рекет”.
Затоа, не ја очекувајте Катица да даде изјава за медиумите. Покорисно би било да даде изјава пред истражен судија (на претходна постапка) и јавен обвинител! – вели Милошоски.