Претседателот на Комисијата за надворешна политика и пратеник Антонио Милошоски на Фејсбук излезе со коментар за непојувањето на вицепремиерот Никола Димитров на дебата, каде што треба да се решаваат проблемите, меѓу кои и спорот со Бугарија.
-Собранието во секоја членка на ЕУ секогаш е место за демократска расправа меѓу министрите и пратениците, за најважните национални прашања! За жал во Македонија министрите бегаат од Собранието и пратениците. Затоа и макетата на вицепремиерот Димитров е вистинската слика за владините министри во Собранието, слика има, тон нема!, пишува Милошоски.
?Собранието во секоја членка на ЕУ секогаш е место за демократска расправа меѓу министрите и пратениците, за најважните…
Posted by Antonio Milososki on Thursday, November 12, 2020