Македонија 12. јули 2020. / 19:48

Милески: Што уште треба да се случи за полицијата да го повика Заев на информативен разговор?

Милески: Што уште треба да се случи за полицијата да го повика Заев на информативен разговор?

Што уште треба да се случи во оваа држава за полицијата да го повика Зоран Заев на информативен разговор, а обвинителството да покрене кривична постапка за рекет?, прашува активистот Роберт Милески, коментирајќи ја последната од низата на аудиобомби во кои се инкриминира лидерот на СДСМ.

Дали не е доволно тоа што со свои уши го слушаме дека влегува во играта со 6-те милиони евра!? Зарем ваков корумпиран лажов ќе се дозволи да биде претендент за функцијата премиер на Република Македонија!? И вие ќе ми зборувате за сваровски судство на Груевски и ќе лепите билборди за „прочистување на судството“? Која фингерајка! – реагира Милески.

Тој коментира и за обидот на дел од медиумите да го оправдаат Заев во последната „бомба“.

Овие провладиниве како а1он и слични, трудејќи се да го одбранат, уште повеќе го закопуваат муртинскиот лидер. Демек не рекол важи, туки рекол марш. И што сака да каже писателот со тоа? Дека Заев го маршира Димишков, за тој сам да ги лапне парите? Бидејќи после марш, иако сите имаме уши и слушаме важи, тој вели „јас влегувам во оваа работа“.

Бедуинска Поговорка: кога си во жив песок, не мрдај, оти пропаѓаш подлабоко. Македонска поговорка: Кога си во гомна до уши, ништо не те спасува… – коментира Милески.