Македонија 13. ноември 2018. / 21:38

Миле Јанакиески: Најостро го осудувам бегството на Груевски

Миле Јанакиески: Најостро го осудувам бегството на Груевски

Поранешниот Министер за транспорт и врски Миле Јанакиески ексклузивно за Лидер вели дека најостро го осудува бегството на Никола Груевски.

Најостро го осудувам ваквиот чин, бидејќи ќе влијае негативно на судските предмети во целост, а посебно во оние предмети каде сме заедно обвинети.

Не планирам да бегам од Македонија моментално сум во Скопје, и утре ќе се појавам на судско рочиште за предметот „Титаник“. Досега сум  присуствувал на сите рочиша  и ги почитувам мерките од судот, ќе изјави Јанакиевски

Тој бара од медиумите да информираат објективно и повика да се престане лицитирањето за идни притвори и притисок врз судот.

Екс премиерот и екс Министерот за транспорт и врски се обвинети во неколку предмети од Специјалното јавно обвинителство.