Македонија 24. јуни 2020. / 18:00

Милчин разочаран од Заев: Стана опиен од мирисот на власта

Милчин разочаран од Заев: Стана опиен од мирисот на власта

По пишувањето дека дел од „Шарената револуција“ се чуствуваат злоупотребени од од страна на Заев, потврда за тоа дојде и нивниот идеен творец Владимир Милчин.

Тој во авторски текст за црногорскиот весник „Pobjeda“ вели дека Заев преку ноќ ги откачил и дека бил опиен од мирисот на власта.

Дел од граѓанскиот сектор се чуствува изманипулиран и разочаран од владеењето на СДСМ. Тоа чуство кулмнинираше кога на Јутуб се појави снимка каде Заев се фали дека граѓанските организации и тоа што е финансирано од Сорос „сите се мои“ – пишува Милчин.

 

Во групата незадоволни од Заев, којашто треба повторно да се активира во борба покрај Милчин, се наоѓаат вработени во Институти кои се занимваат со евроинтеграции, неколкумина новинари од телевизија и печат, како и неколкумина професори.

 

Тие повремено одржуваат состаноци на кои се разработува стратегијата против Заев и подготуваат Платформа за натамошното дејствување која треба да биде објавена пред почетокот на изборите.