Македонија 20. октомври 2018. / 12:00

Михајловски за пратениците кои гласаа „ЗА“: Тој „жиг” сами ќе си го носат на својата кожа

Михајловски за пратениците кои гласаа „ЗА“: Тој „жиг” сами ќе си го носат на својата кожа

Предавството е само нивно и не може да биде колективно. Тој „жиг” сами ќе си го носат на својата кожа. Сами одбраа да прифатат непристојна понуда, иако буквално до вчера уверуваа дека ништо не може да ги „скрши”. И не се скршија. Се распрснаа на иљада парчиња, напиша актерот Тони Михајловски на својот Фејсбук по глсањето на пратенците на ВМРО-ДПМНЕ, „ЗА“ пристапување кон уставни измени.

-Џелатот успеа да ги заведе и освои. Си ги повратија во грло сите зборови кажани против него, и голтнаа. Докажаа дека заслужуваат место во први редови до нивниот нов лидер, кој покажа дека има „чудотворни” моќи. Тој може од криминалци да направи херои, па можеби и повторно министри, стои во статусот на Михајловски.