Адвокатот Александар Михајлоски кој беше еден од лидерите на иницијативата за.реформи во ВМРО-ДПМНЕ на неговиот твитер профил објаснува дека СЈО ја крши презумкцијата на невиност со тоа што ги открива имињата на политичарите за кои отвора истрага.
Инаку, СЈО нема право да поднесува обвиненија туку само да отвора истраги, што се чини стана метод за политички маркетинг.
Член 11 Физичкиот и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени. Член 13 Лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино сè додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука. Објавување на имињата од страна на СЈО не е во духот на Уставот на РМ. pic.twitter.com/IMT7T5uygb
— Aleksandar (@Alekmih) October 10, 2018