Македонија 22. јули 2020. / 13:52

Михајлоски: Новиот Статут на ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи внатрепартиска демократија и пробив на најдобрите идеи

Михајлоски: Новиот Статут на ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи внатрепартиска демократија и пробив на најдобрите идеи

Новиот Статут на ВМРО-ДПМНЕ е победа на идејата за реформи во партијата, смета еден од лидерите на иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ и познат скопски адвокат, Александар Михајлоски.

Тој смета дека со новиот Статут, ја засилува внатрепартиската демократија и ќе овозможи низ партиските тела и органи да се пробиваат најдобрите идеи.

Непосредната демократија во избор на органите, ограничениот број на мандати, одговорноста и отчетноста, воведување на иницијативите како статутарна форма, формирање на Патриотски институт, Форум на интелектуалци, Унија на ветерани и други тела и органи ќе ја зајакнат внатрепартиската демократија и ќе ја отворат можност инклузивно низ органите и телата да дојде до конкуренција на најдобрите идеи.

Се надевам дека овој пример ќе го следат и другите политички партии.

Им честитам на сите членови кои беа упорни и истрајни во реализацијата на оваа благородна идеја – истакнува Михајлоски.