Македонија 20. мај 2019. / 22:31

Михаилов за дијаспората: Вие сте моите херои, не за Тамара, туку зашто сами се изборивте

Михаилов за дијаспората: Вие сте моите херои, не за Тамара, туку зашто сами се изборивте

Потсекретарот на ВМРО-ДПМНЕ Кире Михаилов се огласи на Фејсбук откако голем дел од јавноста ја нападна дијаспората за резултатот на пејачката Тамара Тодевска на Евровизија.

– Вие сте биле криви што Тамара која пееше за некоја северна Македонија која вие, а бога ми и јас не ја познаваме сте биле вакви, сте биле онакви, да, вие, токму таа дијаспора. – напиша Михаилов обраќајќи се кон дијаспората.

Тој констатира дека нашите иселеници се херои.

– Вие сте моите херои, не за ова или она, не за Тамара или бла бла бла, херои сте затоа што сами, храбро, одважно тргнавте да барате опстанок и го најдовте, го најдовте изнамачувајќи се и минувајќи преку се и успеавте, а сега безрезервно, секогаш и на секаков начин ги помагате своите роднини и пријатели овде, својата родна земја Македонија. – напиша во објавата Михаилов.