Пред неколку денови, македонската јавност масовно го споделуваше Фејсбук статусот на Михаела чија мајка почина на инфективното одделение во Клиничката болница Штип.
Во првиот статус напишан на социјалната мрежа Фејсбук, ќерката на починатата пациентка објасни за лекарската негрижа. Денеска, таа продолжи да ги наведува нелогичностите околу смртта на мајка ѝ, а за тоа директно го обвини директорот на штипската болница, Ален Георгијев.
Михаела Довчинска, денеска наведе многу грешки кои се направени околу смртта на мајка ѝ. Таа во својот Фејсбук статус наведува дека на лекарскиот извештај биле погрешени датата на која починала мајка ѝ, но и местото во кое се родила. Имено, било запишано дека починала на 14.10, наместо 14.11 и било запишано дека е од Делчево, наместо од Берово.
Откако таа се побунила, лекарите ја поправиле оваа грешка. Но, тие корегирале со пенкало, на документ со печат.
– Корегирање со пенкало на документ со печат. Пишување едно врз друго. Корегирање кое можев да го направам дури самата јас, но си помислив ,,Не, како може да се вршат такви корекции на документ на кој стои печат.” Ете, можело, наведува Михаела во својата објава.
Понатаму, таа бара одговори од директорот на штипската болници, Ален Георгијев, но и од Министерот за здравство, Венко Филипче.
– Знаеме дека се случуваат грешки и во тестовите. Разбирам дека наодот бил во прилог на билатерална вирусна пневмонија, но ЗОШТО Вам ви беа потребни 4 дена за повторно да ја тестирате мајка ми и да ја утврдите точноста на тестот. ЗОШТО мајка ми не беше тестирана во саботата кога сте ги добиле резултатите од претходниот тест туку сте чекале до вторник ( 10.11.2020 ) чувајќи го пациентот во Ковид центар? ЗОШТО дури тогаш го имате повторено тестот? Не тврдам и не ја исклучувам можноста на грешка во тестот и погрешен прв негативен тест, НО ЗОШТО тоа не беше проверено веднаш? ЗОШТО се чекаше до вторник за повторно земање на брис од мајка ми, затоа што самата таа ми кажа дека во вторник и бил земен брис, а гледаме и од самиот резултат на отпусната листа – стои датумот 9.11.2020. ЗОШТО?, прашува ќерката на починатата пациентка.
Додава дека отпосле дознале дека лекарите знаеле дека мајка и била во тешка ситуација уште од почетокот и дека не смее да се дозволи да остане без кислород ниту една минута. И дека тоа утро, пациентката била на две инфузии место на кислород и зошто ѕвонела на телефон пет пати во 15 минути?
– Вие сте знаеле дека мајка ми е во тешка ситуација уште од почетокот и дека НЕ СМЕЕ да се дозволи да остане без кислород НИТУ ЕДНА МИНУТА. ЗОШТО мајка ми тоа утро што го спомнав во претходниот статус БИЛА НА ДВЕ ИНФУЗИИ МЕСТО НА КИСЛОРОД и ЗОШТО ВЕ БАРАЛА НА ТЕЛЕФОН 5 ПАТИ ВО 15 МИНУТИ знаејќи го тој факт??, пишува Михаела.
За директен виновник го посочува директорот на штипската болница и упатува и други прашања кон него.
– Како Вие господине Ален Георгијев можете да ни објасните мене и на целата јавност КАКО можете да дозволите Вашата болница да снема боци со кислород кога знаете дека на Вашето одделение имате пациентка која НЕ СМЕЕ да остане без кислород ниту 1 минута, а верувам не била само мајка ми.
На крајот од статусот таа пишува дека веќе нема намера да молчи, се обидела да има разбирање, но многуте пропости кај неа предизвикале револт. За крај, прашува:
– Колку пропусти за еден пациент според Вас се нормални господине Ален Георгијев и министере Венко Филипче?, пишува Моника на крајот на овој статус.
Господине Alen Georgijev,
Ќе погодите што правевме денес? ПОВТОРНО ги поправавме Вашите и грешките на Вашиот персонал….Posted by Михаела Довичинска on Wednesday, 18 November 2020