Македонија 05. јуни 2018. / 16:27

Мицотакис: Македонска националност и македонски јазик не можат да бидат прифатени

Мицотакис: Македонска националност и македонски јазик не можат да бидат прифатени

Лидерот на грчката опозициска Нова демократија, Кирјакос Мицотакис бара Уставни измени, отстранување на иредентизмот, заемно прифатливо име ерга омнес, без македонска националност и македонски јазик.

Мицотакис рече дека договорот што нема да ги задоволува националните интереси, нема да биде прифатен од Нова демократија.

„Ние како партија цврсто остануваме на нашата позиција. Решението треба да биде едно, комплетно и да содржи три елементи: промена на Уставот на Скопје, отстранување на секаков иредентистички елемент, вклучувајќи ги и националноста и јазикот. Македонска националност и македонски јазик не можат да бидат прифатени. Едно име за севкупна употреба во и вон границите и име заемно прифатливо што нема да ги труе односите на двете држави, веќе следниот ден“ – рече Мицотакис.

Претседателот на Нова демократија упати остри критики до грчката Влада, велејќи дека шефот на грчката дипломатија дека повеќе ги бранел нашите аргументи, отколку грчките интереси, јави дописничката на МИА од Атина.