Граѓанскиот активист и поранешен функционер на СДСМ Ивор Мицкоски, на Фејсбук напиша дека од СДСМ сакаат да бидат како Мијалков, откако Јовче Ременски преку Фејсбук најави аспења во понеделник па ги избриша постовите.
Кутри они сакаат Мијалков да бидат, од понеделник ќе апселе. Уствари кога ќе види човек како селективно се апси, па се пушта, селективно се правеле случаи па се рекетирало, селективно се водат истраги и никој на крај политички не одговара, како селективно поделивте амнестии, богами во импровизација и Мијалков го надминавте и надградивте, напиша Мицковски.