Активистот Ивор Мицковси, кој ги критикува политиките на актуелната власт, на својот Фејсбук профил напиша дека НАТО не ги вади од домашните грешки, владите на државите кои се во оваа Алијанса.
Тој констатира дека владеачките елити на Балканот се коруптивна мафија, па затоа се и протестите во Албанија, Црна Гора, Србија и БиХ.
– Протести кај членки на НАТО и кај антизападни влади во регионот. Протести против влади на левица и влади од десница. Што ви кажува ова? Дека владејачките елити на Балканот, биле прозападни или не, левица или десница, пак се една иста криминално – коруптивна мафија. Памет во глава дечки, нека ви биде лекција, НАТО не ве вади од домашните грешки. – пишува тој.