Македонија 15. март 2019. / 20:30

Мицкоски: Жителите на Криволак се борат за гол живот

Мицкоски: Жителите на Криволак се борат за гол живот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ оствари средба со граѓаните на Криволак.

Тој на Фејсбук информира за средбата, по која заклучи дека луѓето се разочарани и бесни за сето она што се случува во државата.

Како најголеми причини за разочараноста на луѓето Мицкоски ги посочи немањето на правна држава, неважењето на законите, како и сиромаштијата.

– Бев во Криволак. Луѓето се разочарани, луѓето се бесни за сето она што се случува во државата. Имаме погазено право, немаме владеење на правото. Илјадници годишно ја напуштаат земјата затоа што не гледаат иднина. Заевизмот ја уништи државата во секој поглед. Законите веќе неважат, кримналното самоволие на властодршците ја гушат секоја надеж за напредок, имаме криминалци кои ги окупираат инститициите и институции кои им служат за тие криминалци. Власта губи контрола, нарачува пресуди, спроведува прогон врз патриоти, сакајќи да ја покрие својата неспособност. Нарачува и спроведува казни затвор кои не се производ на правда туку последица на прогон. Ја губат контролата. Едно камче не е помрднато во Криволак, како и насекаде низ земата. Сиромаштијата се мултиплицира, еден жител траорно ми рече гладни сме и сиромашни, се бориме за гол живот. Затоа сега имаме неповторлива шанса да го поразиме сето ова и затоа што народот и треба на татковината, а победата за претседателка на Гордана Силјановска Давкова ќе биде победа на народот. Триумф на борбата за правда и правна држава. – напиша на Фејсбук Мицкоски.