Македонија 14. април 2019. / 23:05

Мицкоски: Жена ќе биде претседател, победуваме на 21 април, а потоа и на 5-ти мај

Мицкоски: Жена ќе биде претседател, победуваме на 21 април, а потоа и на 5-ти мај

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска на митинг се обрати пред граѓаните во Велес. Тој од Велес истакна дека професорката Гордана Силјановска Давкова ќе биде идниот претседател на Република Македонија.

Некако во последно време, тоа што сакам да го соопштам како прва убава вест доаѓа пред време онаму каде што јас доаѓам. Но, разбирливо е бидејќи тоа се слуша насекаде во сите градови во сите села, се зборува на собирите низ булеварите, во домовите на нашите сограѓани, а тоа е дека жена ќе биде претседател на Републиката. Така што добри луѓе, браќа и сестри победуваме на 21 април, а потоа и на 5-ти мај, вели тој.

Мицкоски потенцираше дека Заев нема право да говори за чест и достоинство, за идентитет, а притоа и дека нема никаква доблест да им се извини на граѓаните за сите оние неправди, понижувања и омаловажувања кои што им ги приреди на народот изминатите две години откако седна во премиерската фотеља.

Денеска целокупната македонска јавност беше сведок на она фијаско кое се случуваше во Скопје, а требаше да биде митинг за поддршка на Пендаровски Стево. На тој митинг, на тој собир на наши сограѓани кои што дошле таму да му дадат поддршка на Пендаровски Стево го слушнавме Заев Зоран како мене ме критикува и како вели дека тој не само што го забетонирал идентитетот туку претпоставувам во меѓувреме се консултирал и со неговиот брат околу градежништвото, па додал и малце арматура во бетонот. Па толку бил цврст тој бетонот што не можело да биде поцврсто. Еве овде од Велес ќе се обидам да му одговорам на Заев Зоран, за неговиот идентитет и црвстината на бетонот. Не така одамна на платото пред институцијата која што треба да го симболизира токму тој идентитет, Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со неговиот нов пријател се срамеа да слушаат дека денес над Македонија се раѓа и дека Македонците се борат за своите правдини. Се срамеа да ја постројат македонската гарда и да го постројат, оркестарот на Армијата на Република Македонија кои што требаше да ја интонира македонската химна. А за селфи се разбира секогаш има. Таму господине Заев вашиот идентитет кој што го зачленивте дополнително и со арматура во него, се урна како кула од карти, се урна како стиропор. Вие не само што немате право да говорите за чест и достоинство, за идентитет туку немате ниту никаква доблест да излезете пред граѓаните и да им се извините за сите оние неправди и понижувања и омаловажувања кои што ги направивте овие две години, вели Мицкоски.

Мицкоски при посетата во Велес потсети и на телевизиската дебата на која што Зоран Заев не смееше, се плашеше да каже дека во Северна Грција живеат Македонци кои говорат на македонски јазик.