Македонија 18. април 2019. / 22:05

Мицкоски: Заев со лажна медицинска белешка го избегнал воениот рок

Мицкоски: Заев со лажна медицинска белешка го избегнал воениот рок

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на митинг се обрати пред граѓаните во Општина Кратово. Мицкоски пред присутните истакна дека дојде време овие, како што ги нарече, политички измамници од врхушката на СДСМ на чело со Заев да заминат во политичка историја, политичка пензија, која нема да им биде мирна затоа што од прв до последен ќе треба да одговараат за сите криминали, злодела, понижувања, омаловажувања кои во овие две години ги нанесоа на Република Македонија и граѓаните.

-Ќе дојде денот кога од прв до последен ќе одговараат, се обидоа да го лажат народот, дека немале време за интонирање на македонската химна, да не му биде незгодно на новиот пријател на Зоран Заев во неговата земја, оној Зоран Заев кој не убедуваше дека го зајакнал идентитетот. Истиот кој се срамеше да одговори на кој јазик зборуваат жителите на северна Грција, се срамеше да каже дека тоа се Македонци кои зборуваат македонски јазик, пеат македонски песни и играат македонски ора-потенцираше Мицкоски.

-Мицкоски во своето обраќање одговори на повиците за АРМ на портпаролот на СДСМ, со професорката Гордана Сиљановска Давкова, истакнувајќи дека тоа младо момче не знае што е утринска смотра, што е пожарство, дали знае што е стража на минус 20 степени во пола метар снег, а не знае ниту неговиот лидер Зоран Заев бидејќи со лажна медицинска белешка го избегнал воениот рок, но како што рече затоа не им пречеше да ја обесчестат армија, да ја постројат македонската гарда и да ја интонираат македонската химна.

Ветуваа правда, ветуваа мир, а пекол направија, затоа што после две години секој граѓанин на Република Македонија денеска знае дека всушност ниту правда било во прашање, ниту мир, ниту живот туку пусти пари биле во прашање. Но затоа ние денеска треба ова неправда да ја победиме со правдата која што ќе ја донесе идната претседателка, а тоа е професорката Гордана Силјановска Давкова- нагласи Мицкоски.