Македонија 15. септември 2019. / 20:57

Мицкоски: Заев сака селективна правда

Мицкоски: Заев сака селективна правда

Лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски во интервјуто за телевизија МТВ 2 кажа дека позицијата на ВМРО-ДПМНЕ е правда без исклучок додека премиерот Зоран Заев сакал селективна што претставува неправда.

– Нашата позиција е секој, секој кој што се огрешил пред законите и се осрамотил пред граѓаните да одговара, нивата позиција е не баш секој туку да има некој кој што ќе биде привилегиран а по потреба тој истиот ако е дел од раководството на СДСМ тогаш тој е безгрешен. Од прилика така би ги сведил преговорите кои што до рано утрината ги водевме пред некој ден а се однесуваат за новиот предлог закон за јавно обвинителство. – кажа Мицкоски.

Мицкоски кажа дека за време на преговорите наспроти него седел човек кој бледнеел и темнеел мислејќи на Заев затоа што е уплашен дека порано или подоцна за месеци од сега правдата ќе стигне.