Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е гостин во емисијата Отворено на телевизија Алфа, каде главна тема се новите политички случувања во Македонија.
Имаме претседател на политичка партија и претседател на Влада, што не се фали колку километри автопат пуштил, колку училишта реновирал, колку нови градинки итн, туки вели дека 750 кривични пријави поднесол и јас не знам за таков втор политичар во светот, со таков речник да им се обраќа на гласачите. Тоа што го зборевме изманатиот период дека целосно е покриено обвинителството и судството од страна на Зоран и групата околу него сега се потврдува, рече Мицкоски.