Македонија 15. јуни 2020. / 21:38

Мицкоски: Заев ги прифати нашите две барања, заштита на здравјето на граѓаните и заштита на волјата на граѓаните

Мицкоски: Заев ги прифати нашите две барања, заштита на здравјето на граѓаните и заштита на волјата на граѓаните

Христијан Мицкоски на денешната прес-конференеција изјави дека заседавал Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ,  дека е донесена едногласна одлука ВМРО-ДПМНЕ да учествува и да победи на изборите.

Мицкоски очекува Џафери изборите да ги закаже  во среда на 15 јули. Тој истакна дека овој период се водел од две работи а тоа е заштита на здравјето на  граѓаните  и заштита на волјата на граѓаните

И двете основни  работи конечно од Зоран Заев се прифатени. Прифатено е да има протоколи за заштита на здравјето на граѓаните на денот на избори и ранливите категории на граѓани да гласаат на изборите од дома, како и мисија на ОБСЕ/ОДИХР чија основна задача ќе биде заштита на вољата на граѓаните, изјави Мицкоски.

Мицкоски одговори и зошто имаше толкаво одолговлекување за даумот на изборите .

Не можев да прифатам избори кои ќе значеа газење по човечки животи и газење по здравјето на граѓаните. И секаако не можам да прифатам избори помалку демократски од една Белорусија, додаде Мицкоски.