На денешниот митинг во Општина Центар се обратија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и кандидатот за претседател поддржан од ВМРО-ДПМНЕ професорката Гордана Сиљановска Давкова.
Ги слушам Заев и Пендаровски како повторно се обидуваат да играат на картата на кратко помнење, се обидуваат со некоја шарена лага, ветувајќи им на граѓаните дека ќе оделе напред. Заев и Пендаровски, едниот со инспекторите под мишка, евро по евро во торбичето украдени пари од граѓаните, а овој другиот слугувајќи му на Заев ќе не убедува дека не чека блескава иднина, само требало него да го избереме, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во О. Центар.
Мицкоски од Центар порача дека ќе треба од пепел да ја креваме Македонија.
Првиот голем чекор на народот ќе биде на 21 април, вториот на 5 мај со победата на претседателските избори, а третиот ќе биде победа на предвремените парламентарни избори и формирање на влада на РМ која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш ќе започне вистинската битка за Македонија на секое поле за секој еден човек, затоа што ќе треба од пепел да ја креваме Македонија, додаде Мицкоски.