Македонија 24. April 2019. / 22:07

Мицкоски: Заев е апсолутен губитник на овие избори!

Мицкоски: Заев е апсолутен губитник на овие избори!

ВМРО-ДПМНЕ го порази секаде СДСМ во Македонија, односно Коалицијата на СДСМ ако од таа коалиција ги усклучиме овие партии кои што одлучија да им се придружат и да го поддржат нивниот кандидат како ДУИ, ДПА кои традиционално не се дел од таа коалиција, рече претседателот Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „24 Отворено“.

Тој во емисијата истакна дека ВМРО-ДПМНЕ успеја да ја порази коалицијата на СДСМ во 47 општини во Република Македонија.

-Кога ние би имале една симулација на локални избори ВМРО-ДПМНЕ би освоило најмалку 43 градоначалници, година и половина после локалните избори- истакна Мицкоски.

Тој кажа дека ако се зборува од математички аспект тогаш се гледа дека апсолутен губитник на овие избори е Зоран Заев и СДСМ.