Македонија 21. декември 2020. / 13:28

Мицкоски: Заев да престане со демагогија и нови лажни ветувања

Мицкоски: Заев да престане со демагогија и нови лажни ветувања

Зоран Заев да престане со демагогија и нови лажни ветувања, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил.

-Еве ја вистината:

Доколку замислиме дека буџетот е 1000 денари, Зоран Заев троши:

● 127 денари за плати,

● 86 денари за стоки и услуги коишто за жал никој не знае што се,

● дури 487 денари троши за поткуп на гласачи и купување социјален мир,

● 288 денари се трошат на пензии,

● само 139 денари за здравствена заштита во време на најжестоката корона криза,

● 159 денари за непродуктивни трошења, патувања, ручеци и сл,

● само 93 денари за капитални инвестиции,

● и во исто време го задолжува народот за 141 денари!, пишува во својата Фејсбук објава лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.