Вечерва ВМРО-ДПМНЕ во Народниот театар го прослави Денот на македонската револуционерна борба.
На настанот се обрати претседателот на партијата Христијан Мицкоски кој се осврна на предавството на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои гласаа „за“ пристапување кон промена на уставното име.
Тој им порача дека уште малку требало да издржат, да не се предадат, со цел да се распишат избори и Зоран Заев да падне од власт.
Заедно со народот ќе го поразиме Заев, а ќе ве поразиме и вас, новите другари и коалициони соработници. Погледнете во историјата, видете и уверете се дека така ќе биде. Ме потценивте, не потценивте, затоа ќе ве победиме и тоа на купче сите заедно – им порача Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање кажа дека одговорноста за случувањата во државата има име и презиме и е лоцирана во поединци кои скршнаа од патот.
Мицкоски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ е најверен сојузник на народот и ја побара поддршката од граѓаните.