Македонија 20. јуни 2019. / 21:50

Мицкоски за Преспанскиот договор: Има можност да ја поправиме таа штета, но за тоа ни требаат 80 пратеници

Мицкоски за Преспанскиот договор: Има можност да ја поправиме таа штета, но за тоа ни требаат 80 пратеници

Штетата е направена, таа штета денеска е срам и уништено достоинство на сите граѓани на Македонија, но може да се направи чекор назад. Ова во вечерашното гостување на ТВ Клан го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, коментирајќи за тоа што можат да направат за веќе променетото име на Република Македонија и потпишаните договори.

Има можност да ја поправиме таа штета, но под услов тоа да е според Уставот и законите. За тоа ни треба дво-третинско мнозинство, односно 80 пратеници, или Бадинтерово мнозинство. Тоа е реалноста, јас нема да ветувам ништо, само за да стигнам на власт, рече Мицкоски.