Македонија 04. септември 2019. / 11:14

Мицкоски: За правдата нема компромис, ќе бидете први соседи со Катица, Бојан и Зоран

Мицкоски: За правдата нема компромис, ќе бидете први соседи со Катица, Бојан и Зоран

Aко се надеваат на некакво ново Пржино, некаков нов договор на кој ќе се повтори реприза на ослабеното ВМРО-ДПМНЕ кое ќе потпишува се и сешто, надополнето со некој преторијанец во преговарачкиот тим, треба да знаат дека тој филм нема да го гледаат. Ви ветувам правда, а за правдата не планирам никаков компромис, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој објави и видео порака, во која ѝ порача на владејачката партија дека „што си дробеле тоа ќе си сркаат“.

Тој што се огрешил и се посрамотил пред граѓаните, ќе си одговара. Ќе им бидете први соседи на, таа што ја сместивте таму, Катица, Бојан Јовановски и Зоран Милевски – порача Мицкоски.