Македонија 06. јануари 2021. / 12:06

Мицкоски за пожарот во Струмица: Виновни се оние кои го изградија „Глобал“

Мицкоски за пожарот во Струмица: Виновни се оние кои го изградија „Глобал“

Утрово лидерот на најголема опозициска партија, Христијан Мицкоски имаше празнично интервју за НетПрес на кое беа изнесени повеќе негови ставови за актуелната политичка ситуација во Македонија.

На прашањето што мисли Мицкоски за ситуацијата со пожарот во трговскиот центар „Глобал“, тој го одговори следново.

Апсолутно во деновите коишто следат јавноста ќе биде сведок на она што таму се случи, трагедијата за луѓето коишто ја загубија сите свои стоки и она што го поседуваа во тие дуќани кои изгореа. Дел од нив се таму под кирија, помал дел од нив се сопственици, но кога јавноста ќе дознае кои се вистинските сопственици на тие комерцијални дуќани, би рекол и што се случувало со „Глобал“, како практично е настаната ова градба, тогаш многу појасно на сите нас ќе ни биде и многу појасно ќе ѝ биде на јавноста.

Ќе се обидам накратко да дадам еден приказ како е настанат „Глобал“, а потоа јавноста во деновите коишто следи преку прес-конференции на ВМРО-ДПММЕ и опозицијата, но и други активности, ќе може детално да види што се случува таму. Прво би сакал да им изразам жалење на сите оние мали дуканџии коишто работат и стопанисуваат во оние тие објекти и за тоа што им се случи, бидејќи тие не се виновни за тоа што им се случи таму и треба да се најде начин тие луѓе, доколку, за жал, не ја осигурале својата стока да им се помогне во рамките на можностите, се разбира бидејќи тие не се виновни. Виновни се тие коишто го изградија „Глобал“ и тие коишто дозволија потоа ова да се случи. Како е изграден „Глобал“? Изграден е со локациски услови коишто се добиени околу 15 или 16 мај 2008 година и тоа се издадени локациски услови за реконструкција и надградба на пазариште. Еден месец потоа, на 18 јуни 2008 година, „Глобал“ добива одобрение да се изгради односно, практично да се реконструира и награди пазариштето кое што во тој момент постои. Замислете, за еден месец добивате локациски услови, правите истраги, тие истраги потоа ви се влез во основен проект, работите основен проект, потоа тој основен проект некој ви го ревидира, завршувате со ревизијата и потоа одите во општината аплицирате и општината за еден месец ви дава одобрение за реконструкција и надградба на тоа пазариште. Има голем број градежни компании еве една видовме дека бега од Македонија деновиве прашајте ги за искуство дали е тоа возможно за еден месец. Тука не застанува чудото, чудото продолжува, ако на 18 јуни 2008 година е издадено одобрението за градење веќе на 22 или 23 јуни е дадено одобрението за употреба. Замислете за само пет дена Глобал е изграден. И веќе на 23 јуни е издадено одобрението за употреба на реконструираниот и надградениот пазар.

Ако се прашувате кој го изградил тогаш треба да се вратиме чекор наназад и да го видите со солеминизираниот договор на содружништво меѓу две трговски друштва Јавното претпријатие за комунални услуги Комуналец Струмица во тоа време раководено од Панче Орцев, и Зоран Заев како тогашен градоначалник на Струмица. Од другата страна содружници се две правни лица претставувани од Цикарски и Брндевски. Сашко Брндевски е ликот којшто пред Нова година купуваше илјадници метри квадратни земјиште во една локација во Струмица и подоцна тие десетици илјади метри квадратни ги замени со една од фирмите во којашто има сопственички удел семејството Заеви за станот од 50-ина, 60 метни квадратни. Сета оваа работа за да биде уште поинтересна завршува во 2014 година кога е пишана во Катастар, а во Катастар се впишува врз основа на акт и каде што магично исчезнува сега реконструираниот или надграден пазар во трговски центар. Прашањето е дали при добивањето на одобрение за градење и тогашниот Закон за градење е испочитуван условот да биде изработен елаборат за противпожарна заштита. Затоа што секој што денеска се занимава со градби треба да приложи елаборат за противпожарна заштита и елаборат кој што е дел од електро проектот за громобранска инсталација. Дали условниот проект е приложен таков елаборат за противпожарна заштита и громобранска инсталација. Второ, кој вршел тестирање на апаратите коишто во случајот ги користиме за гаснење на пожарот, противпожарните апарати? И дали е тоа тестирање направено? И која компанија тоа го направила?

Голем дел од овие прашања деновиве коишто следат практично ВМРО-ДПМНЕ ќе ги елаборира со докази и ќе даде одговор на тие прашања. Се надевам дека ќе предизвикаат интерес кај Јавното обвинителство, затоа што ќе поднесеме можеби и одреден број пријави. Доколку ова Јавното обвинителство, Јавниот обвинител за тоа не се заинтересира има друг којшто за тоа ќе се заинтересира, кога ќе дојде ослободување на обвинителството и судството.

Но истовремено можно е како пратеничка група во рамките на парламентот да побараме, и јавна расправа со сите овие докази кои ВМРО-ДПМНЕ ги поседува да бидат таму презентирани. Така што оваа несреќа би ја поделил во два дела. Првиот е хуманитарно, да им се помогне на луѓето кои загубија во оваа насреќа порад несовесната градба на објекот и несовесното негово одржување. Тие луѓе навистина не се виновни за она што се случувало во минатот, ниту, пак, за тоа што некој не го одржувал овој објект според прописите. Но истовремено бараме одговорност од самиот почеток, па сѐ до денес.

Овој случај, како што кажавте, е скандалозен затоа што токму поради овој случај Зоран Заев беше аболиран од тогашниот претседател Бранко Црвенковски. Но ќе потсетам, тоа беше делот каде што оваа градба е отпочната да се гради поради нерасчистени имотно правни односи. Но, како што се гледа, имаме би рекол спринтерски начин на градење градба, локациски стои, месец дена за одобрение за градба, пет дена до одобрение за употреба. Тоа е невозможно. Уште едно кривично дело и неприкосновено сомневање за сторено кривично дело. И, конечно, треба надзорот на објектот да одговори зошто и на кој начин биле изведени сите овие инсталации коишто всушност не биле изведени?