Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето во „Топ Тема” кажа дека преговорите за законот за јавно обвинителство сеуште течат.
Мицкоски потенцира дека не може да се носат пресуди за предмети спротивно на законот за СЈО.
– Не можеме да поддржиме обвиненија кои се покренати од неовластен тужител. – рече Мицкоски алудирајќи дека носени се пресуди по законскиот рок на СЈО, алудирајќи на предметот „Талир” кој се води против ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија.
Што се однесува за пуштењето во јавноста на нови „бомби”, лидерот на опозицијата нагласи дека СДСМ сега треба да се справи со нешто со чија помош дојде на власт.
Со „бомбте” се тргува, се продаваат на зелен пазар, потенцира Мицкоски и рече дека сега институциите треба да се справат со тоа.