Македонија 08. февруари 2020. / 14:27

Мицкоски: Нула персонален данок за млади до 29 години, раст на БДП најмалку 4% годишно

Мицкоски: Нула персонален данок за млади до 29 години, раст на БДП најмалку 4% годишно

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција најави серија мерки што неговата партија планира да ги спроведе доколку победи на претстојните парламентарни избори.

Како што истакна Мицкоски во своето обраќање, особен акцент ќе биде ставен на подбрување на условите за младите да останат и да работата во Македонија.

Се обврзуваме за обнова која ќе донесе повеќе работа за младите, 0% персонален данок за млади до 29 години. Ова ќе значи ослободување од персонален данок за вработување на млади до 29 години кој имаат годишен нето приход до 6.5 илјади евра – потенцира Мицкоски.

Мицкоски истакна дека негова цел е младите да имаат шанса тука да ја градат иднината.

Дополнително, преку градење на модерна иновациска инфраструктура која подразбира отворање на иновациски центри, бизнис инкубатори и акцелератори, научни и технолошки паркови ќе им овозможиме на младите и креативните луѓе целосна поддршка во реализација на нивните бизнис идеи. Ние сме силно убедени дека Македонија има млади талентирани луѓе кои имаат силни претприемачки и иновативни идеи и затоа ќе работиме на создавање најповолни услови за искористување на нивниот потенцијал – истакна Мицкоски.

Истовремено, освен ослободувањето од данок за младата популација, Мицкоски најави и други активности што ќе бидат насочени директно кон стабилен раст на целокупната економија.

– Се обврзуваме за обнова која ќе донесе раст на БДП за минимум 4% годишно.  Се обврзуваме за обнова која ќе донесе повеќе пари за бизнисот, помалку давачки и бирократија – порача Мицкоски.