Нашиот јазик е македонски јазик, а Гоце Делчев е Македонец кој што се борел за македонска држава и никој нема право да преговара за тоа, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Македонската радио телевизија.
-Нашиот јазик е македонски јазик и никој нема право да спори околу тоа. Тоа е наше право. Зошто мене некој да ми го одземе тоа право? Кој го има тоа право? Кој политичар прифатил да преговара за Гоце Делчев? Гоце Делчев е Македонец кој што се борел за македонска држава и е дел од мојата химна, химна на милиони Македонци кои се родиле и умреле за Македонија, истакна Мицкоски.
Мицкоски истакна дека како политичари немаат право да се откажат од македонското минато, тоа е погрешно и никој не им го дал тоа право бидејќи тие луѓе со живот го платиле ова што ние денеска го живееме и додаде дека македонската држава мора да ги дефинира црвените линии. Доколку компромисот со Бугарија е онаа резолуција која ја донесе бугарското Собрание тоа не можеме да го прифатиме. Ние веднаш поднесовме иницијатива во нашиот Парламент да донесеме контра резолуција на таа која ќе ги дефинира нашите црвени линии, нагласи Мицкоски