Македонија 26. ноември 2019. / 12:46

Мицкоски во разговор со Илир Мета изразил целосна подготвеност за помош по земјотресот во Албанија

Мицкоски во разговор со Илир Мета изразил целосна подготвеност за помош по земјотресот во Албанија

По силниот земјотрес во Албанија, во кој животите ги загубија најмалку 13 луѓе, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, остварил телефонски разговор со албанскиот претседател, Илир Мета, при што изразил длабоко сочувство за настраданите.

Како што истакнува Мицкоски, Македонија и македонскиот народ знаат како е да се соочиш со вакви природни катастрофи и затоа во име на ВМРО-ДПМНЕ, но пред се како човек, Мицкоски изразува подготвеност за помош на секој потребен начин за што побрзо опоравување на повредените и надминување на последиците од разорниот земјотрес.

– И во ваквите тешки мигови кај човека го истакнуваат најсветлото, помагањето, солидарноста, хуманоста, затоа во овие моменти е потребна обединетост во една заедничка мисија, помош за семејствата на настраданите и повредените во оваа голема природна катастрофа.

Ваквите трагедии покажуваат дека е потребно надминување на разликите и дека е важно меѓусебното почитување – порачува Мицкоски.