Македонија 04. октомври 2019. / 21:14

Мицкоски: Во рамки на акцијата разговори за Македонија, досега се собрани над 10 илјади проблеми

Мицкоски: Во рамки на акцијата разговори за Македонија, досега се собрани над 10 илјади проблеми

Досега се собрани над 10 илјади проблеми во рамките на акцијата разговори за Македонија, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој во ресен продолжи со караванот „Разговори за обнова на Македонија“.

Ваквиот голем одзив покажува дека постои огромен интерес кај граѓаните, но и огромен број на проблем кои ги притискаат. Ние тие проблеми ќе ги разгледаме, но и ќе понудиме решенија. Народот мора да биде слушнат, но тоа не е доволно, мора и да се покаже дека се има решенија за проблемите, порача Мицкоски.

Лидерот на опозицијата нагласи дека во Ресен главен проблем е откупот на јаболката.

Земјоделците особено од овој крај се незадоволни бидејќи се чувствуваат со право изиграни од власта која им ветуваше откуп и субвенции кои никако не ги добиваат. Слична е сликата и со лозарите, и со оризопроизводителите. Во Ресен проблем е иселувањето на младите, не само на младите, лошата инфраструктура и немањето на иднина. Владата не покажува чувство за овие проблеми, но и покажува дека нема план. Затоа ние сме тука. Низ партнерски однос со граѓаните да градиме обнова на Македонија!, порача Мицкоски.