Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски и секретарот за меѓународни односи Тимчо Муцунски, во Брисел, остварија средба со европратеникот и голем пријател на Македонија, Едвард Кукан.
На средбата Мицкоски изрази загриженост за ситуацијата во која се наоѓа Македонија, растечкото ниво на корупција и криминал, како и отсуството на демократските принципи, а пред се владеењето на правото.
Мицкоски, на средбата, исто така потенцира и дека власта бега соочување со граѓаните на предвремени парламентарни избори.
-Имав средба со европратеникот и пријател на Република Македонија Едвард Кукан.
На средбата ја изразив мојата загриженост за ситуацијата во која се наоѓа нашата земја, растечкото ниво на корупција и криминал, отсуството на владеење на правото и правната држава, како и се потешката економска состојба.
Владата која бега од соочување со народот на избори, е Влада која не е подготвена демократски да се соочи со волјата на граѓаните и да организира фер процес. Македонија мора да ги направи неопходните реформи за да европските интеграции станат реалност.
Мојот престој го продолжувам на политичкото собрание на Европската народна партија каде се разговара за заедничките предизвици и начините на остварување на соработка. – стои во Фејсбук објавата на лидерот на опозицијата.