Македонија 11. јануари 2019. / 20:15

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ во иднина ќе ја исправи неправдата која беше нанесена денес

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ во иднина ќе ја исправи неправдата која беше нанесена денес

После седницата на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати до јавноста по повод промената на уставното име Република Македонија со новото име Република Северна Македонија.

-Со договорот од Преспа се нанесува огромна штета и неправда врз самата македонска држава, македонските граѓани врз минатите, сегашните и идните генерации. ВМРО-ДПМНЕ ќе стори во иднина се што е во негова моќ оваа неправда да биде исправена, изјави Мицкоски.