Христијан Мицкоски, идерот на ВМРО-ДПМНЕ, по завршувањето на седницата на извршниот и централниот комитет побара неотповиклива оставка од Зоран Заев и формирање на техничка влада со стриктно траење од 100 дена.
– Македонија никогаш не била толку поделена, општеството се наоѓа во својата најтешка ситуација, Утре пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе барање веднаш Зоран Заев да си поднесе оставка , техничка влада и иницијатива за распуштање на предвремени парламентарни избори на исти трошок со претседателските избори. Следните неколку дена нека одлучи СДСМ па да видат граѓаните кои бара избори а моли Бога да не ги добие, рече Мицкоски пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, СДСМ во петокот не донесе одлука дали ќе оди на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските и ставот го одложи кон средината на февруари.
– Наше е да предложиме ибори, па нека судат граѓаните. Одиме чекор по чекор, Внимателно ја анализираме ситуацијата. Ситуацијата со Македонија е алармантна, а не да ја одложуваат одлуката и да лажат дека подготвуваме црни сценарија – рече Мицкоски.
Додаде дека времетраењето на техничката влада е јасно и дека нема да попушти пред барањето нејзиниот рок на траење да биде помал.