Македонија 09. декември 2019. / 15:11

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амадмани за Законот за јазици, во согласност со препораките на Венецијанската комисија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амадмани за Законот за јазици, во согласност со препораките на Венецијанската комисија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска објави дека ќе поднесат амадмани за Законот за јазици, во кој ќе бидат вметнати препораките од Венецијанската комисија. Тој ја повика власта да ги поддржи овие амадмани и еден неуставен закон да го направиме уставен.

Политиканството на Заев се удира од глава. Ако се за правда власта ќе ги поддржи овие амадмани-објасни Мицкоски.

Тој го нарече Законот за јазици „правна дивоградба“ и оти со неговото донесување Заев манипулирал со чуствата на Албанците и ги лажел.

Ако се одбие ќе се одбере популизмот во надеже за нови измами-посочи Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го повика Заев да се согласи да има кандидат за мандатар и тој што ќе загуби да се збогува со политиката.

Покрај тоа Мицкоски го повика Заев да не се плаши од предлогот амнестијата да не важи за политичари и оти сака да се скрие зад пратеничкиот имунитет бидејќи знае дека ќе ги загуби изборите.