Македонија 28. април 2020. / 13:47

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е подготвена секогаш да го победи СДСМ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е подготвена секогаш да го победи СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да го порази СДСМ секогаш, изјави на денешната прес-конференција лидерот на најголемата опозиска партија, Христијан Мицкоски.

Одговорајќи на новинарско прашање Мицкоски уште еднаш го повтори ставот дека овој состав на Парламентот е поранешен и мандатот на претниците со неговото распуштање е завршен. Според него, пратениците го вратиле легимититетот назад, кај граѓаните и единствен што може да ја наполни салата во Собранието е народот. Тоа не можат да го сторат ниту Зоран Заев, ниту група на пратеници да се обидуваат да го кршат Уставот.

За ВМРО-ДПМНЕ моментно не се предвремени избори, туку надминување на состојбата со коронавирусот.

-ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да го порази СДСМ секогаш. Но, одржување предвремени парламентрани избори кога имаме пандемија на КОВИД-19 и кога секојдневно се бориме со инфицирани луѓе и жртви, кога се соочуваме со економска, санитарна и образовна криза, па и воопшто кога имаме кризна состојба, не еден од приоритетите. Најпрво да се избориме за здравјето на граѓаните, да ја вратиме економијата на победничките патеки, а потоа можеме да размислуваме за избори, истакна Мицковски, одговорајќи на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на изборите ако тие се одржат на крајот на јуни или во почетокот на јули.