Македонија 06. мај 2019. / 00:02

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е коренот на Македонецот, продолжуваме да работиме со двапати поголема мотивација и енергија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е коренот на Македонецот, продолжуваме да работиме со двапати поголема мотивација и енергија

„Стево вика: Слушајте го врховниот командант, јас викам „Грешите, слушајте го народот.“ – изјави Мицкоски на вечерашната прес конференција.

Тој потенцираше дека картата е црвена и дека тоа се боите на победата. Реалноста значи победа во најголем број на општини со поубедлива разлика. Ако имало парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ ќе освоела најголем број на гласовите.

ВМРО-ДПМНЕ споредено со коалицијата на СДСМ, освои најголем број на гласови, тоа е онаа хотел коалиција, направи одличен резултат и е повторно најголемата политичка сила во Македонија. Не навредуваа, не оцрнуваа, ни се закануваа, но ние работевме. ВМРО-ДПМНЕ е коренот на македонскиот граѓанин. Ние продолжуваме да работиме со двапати поголема мотивација и енергија. – изјави Мицкоски.