Вечерва гостин во вестите на Сител е лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Со него најпрво се зборуваше на актуелната тема – попис во Македонија.
– На сила се тера целата работа, се гледа пописот како политичка, а не статистичка операција, започна лидерот на опозицијата.
Според него владејачкото мнозинство прави насилство врз граѓаните на Македонија.
– Се обидовме преку 40 амандмани да го поправиме законот за попис. Никој не ги прифати тие 40 амандмани, па затоа се одлучивме на граѓанска иницијатива која очекуваме да биде прифатена од претседателот на Собранието. Со тоа ќе се укине законот за попис, додаде Мицкоски.
Тој зборуваше дека размислувале и за референдум, но сепак се откажале од оваа опција.
– Размислувавме да има и реферндум, но во детална анализа сфативме дека немаме бадентерово мнозинство, па затоа решивме да го укинеме законот на попис со Бадентер, рече Мицкоски.