Сметам дека вежбањето не е грев, колку што е предавството на државата. Вежбањето е навика, но, за жал, крадењето и лажењето, освен што е навика на власта, станува и нивен начин на однесување и стил на живеење, вели интервју за Фокус, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, во однос на снимките од теретана за што беше обвинет дека со полицијата ги крши владините мерките за време на корона криза.
Потсетувајќи дека МВР направи истрага и утврди, како што соопшти и министерот, дека се работи за стара снимка од минатата година и дека е излезена по нелегален пат, Мицкоски вели покрупното прашање што треба да се одговори е чија парапартиска структура организирано го следи.
– Само ќе споменам за кус период дека бев, исто така, предмет на хајка на организирани лажни вести кога се појави снимка од моето наводно вежбање од една друга теретана, па се појави снимка од моето искачување на Водно. Очигледно власта е исплашена, па мора да организира следење на лидерот на опозицијата, вели Мицкоски.
Додава дека во исто време за власта не е проблем да продолжат со крадењето на државниот буџет и да не прават ништо во однос на економската криза и секогаш кога сакаат да покријат некоја друга тема се вртат кон лажење, што според Мицкоски, тоа е слабост, а не нивна предност.