Македонија 09. февруари 2021. / 18:39

Мицкоски: Владиното мнозинство одби да ја прими граѓанската иницијатива за одложување на пописот

Мицкоски: Владиното мнозинство одби да ја прими граѓанската иницијатива за одложување на пописот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на Фејсбук објави дека владиното мнозинство не ја примило граѓанската иницијатива за одложување на пописот.

Владиното мнозинство не ја прими граѓанската иницијатива за одложување на пописот кој е очигледен фалсификат. Изговорот е дека не постоела институцијата Собрание на Република Македонија. Кој се плаши и бега од сопствениот народ срамно завршува.

 

На утрешната седница на Централниот комитет ќе предложам да отпочнеме со собирање на граѓански потписи во градовите и селата. Никој не победил народ. Ќе ги имаме потписите од пратениците и потписите на народот – напиша Мицкоски, кој во објавата споделува и допис од Собранието.

Владиното мнозинство не ја прими граѓанската иницијатива за одложување на пописот кој е очигледен фалсификат. Изговорот…

Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, February 9, 2021